Забни импланти

Добредојдовте на бугарскиот веб-портал, посветен на забната имплантологија! Се што се наоѓа под интернет домејн www.dentalimplants.bg, e развиена од тимот на стоматолошки ординации "Д-р Ралев". Правата на името на домеjнот засега се сопственост на физичкото лице д-р Венцеслав Ралев. Во развојот на овој портал и во неговата популаризација меѓу светската интернет заедница активно учество земаат д-р Евелина Маркова - Ралева,  д-р Нина Бучкова, д-р Милен Марков, д-р Венко Делчев и д-р Јавор Симеонов. Во моментов информациите што се наоѓаат под овој домејн, тешко се вмества во поимот интернет портал, бидејќи има многу мал волумен. Нашиот тим сепак е амбициозен и упорен, затоа со текот на времето очекувајте многу нови шеми, фото и видео материјали. Ако имате било какви прашања кон нас, можете да ги поставите на нашиот форум на адреса www.dentalforum-bg.com - тоа е специјално регистриран од нас домејн за on-line консултации во областа на стоматологијата и максилофацијалната хирургија.Сите прашања до нашиот тим можат да бидат поставувани и по електронска пошта на адреси ralev@dentist.bg, ceo@ralev-dental.bg и office@ralev-dental.bg. Обично одговориме во текот на денот, но се можни одложувања поради големата зафатеност на нашиот тим во последно време. Однапред се извинувам за било какви нецелосни одговори и одложувања во комуникацијата со сите кои се заинтересирани за нашата клиничка активност. Секој кој сака може да си запише термин за преглед и консултации на телефон +359 32 642056 или +359 888 646003. На цената на еден локален повик од територијата на Република Бугарија може да се добијат дополнителни информации на телефон 0700 1 52 52.

Контакти со Ралев Дентал:

ralev@dentist.bg, ceo@ralev-dental.bg и office@ralev-dental.bg

или на тел. 00 359 32 64 20 56

Бесплатни on-line консултации    Кариологија    Ендодонција   Максилофацијална хирургија   Адреса на нашата клиника

Стоматолошки ординации "Д-р Ралев" се создадени на 18.03.2002 година. Целосни информации за локацијата на ординацијата  во град Пловдив можете да добиете од тука ... Во нашата стоматолошка клиника се нудат сите услуги од областа на стоматологија кои можат да се вршат во амбулантски услови. Во иднина ќе биде обезбедена и можност за работа во стационар.Во 2009 година стоматолошките ординации одеднаш се претворија во нешто како архаичен поим и поради тоа практиката беше преименувана на Денталномедицински оддел на Ралев Дентал АД, како шеф на отделот е претседателот на бордот на директори на компанијата д-р Евелина Маркова. Во мај 2011 година д-р Венцеслав Ралев беше назначен за шеф на клиниката за максило – фацијална хирургија кон МБАЛ "Д-р Иван Селимински" - град Сливен, поради што секој пациент, кој има потреба од хируршко лекување во поголем обем во оваа област, може да биде лекуван таму.

Овој сајт е изграден со одредена цел. Лекарите по стоматологија се практични луѓе, не очекувајте од нив да направат нешто без точно дефинирана цел. Целта на нашиот тим е да ги информира корисниците на интернет за сите можности кои ги обезбедуваат имплантите. Во моментов ова одамна не е нешто иновативно од областа на протезирањето - повеќе е рутински метод на лекување, кој е во состојба брзо да ја подобри функцијата, естетиката и самодовербата на пациентот при дефекти во забни – коскениот  апарат. Во исто време тоа е област од стоматологија и максилофацијалната хирургија, во која речиси секојдневно се воведуваат иновации. Според едно лично проследување на д-р Венцеслав Ралев на конгресот на Европската асоцијација за краниомаксилофациална хирургија (www.eurofaces.com) во градот Барселона во м. септември 2006 година беше означен следниов љубопитен факт: од вкупно 1983 извештаи, постери и предавања 1024 (или 51.63%) беа поврзани на некој начин со имплантите. Неопходно е да се има предвид дека предметниот конгрес не беше тематски, а беше поврзан со целата краниомаксилофациална хирургија - обемна област од хирургијата, во областа на која влегува различна патологија и во која работат илјадници експерти од целиот свет. Нашиот тим ги посети и следните конгреси на EACMFS во 2008 (Болоња) и 2010 година (Бриж, Белигја) - ситуацијата беше иста, голем број научни публикации во форма на усни презентации и постери, иновации и рационализации. Која е причината за тоа? На прво место големата фреквенција на пропустите во забните редови - кај лица над 35 години 86.3% од сите имаат барем еден отсутен заб (според истражувањето на Carrias et al, 2003), кој е потребно да биде вратен на еден или друг начин. Со постојаното зголемување на просечниот животен век оро - фациалната рехабилитација добива се поголемо значење. Според бугарскиот автор Јолов 80.43% од населението над 55 години во Бугарија е со потреба од парцијални протези - т.е. кај оние луѓе кои се веќе голем дел од општеството, е потребно да се стават најмалку 7 - 8 имплантата, за да се постигне оптимален третманен резултат. Кај млади пациенти се забележува се поголема фреквенција на битови, спортски и транспортни трауми - ситуации во кои се оштетуваат неповратно и/или се губат природните заби. При спроведено во 1994 година истражување е утврдено дека при 55.73% од сите граѓани недостасуваат заби - податоците се релативно стари, но повеќето автори утврдуваат зголемена фреквенција на патологија, така што најверојатно во моментот во кој ја читате статистиката процентот се зголемил  значително. Во САД луѓето над 65 години биле околу 30 милиони, прогнозите се во 2030 година да надминуваат 64 милиони (M. Razzoog, 1994). Сите овие епидемиолошки податоци во комбинација со релативно лесно техничко исполнување на повеќето лековити процедури е природно да го привлечат интересот на многу научни работници од целиот свет. Во Република Бугарија, исто така, се забележува засилен интерес на повеќето клиницисти кон имплантологијата, од колегиална гледна точка ние создадовме еден on-line директориум за тоа каде се ставаат импланти и со какви системи работат сите колеги во Бугарија.До тука се изгледа доста идеалистичко - нови методи на лекување, подобрување на квалитетот на живот на пациентот и обезбедување добра естетика и функција. Дали е тоа доволно за да ги мотивира толку луѓе да се трудат напорно во една област на човековото знаење и што друго може да биде причина за таков напредок? Има, се разбира, и други причини за развојот на имплантологијата, што се не помалку важни, особено во периодот 2008 - 2010 година, кој период ќе остане во историјата како светската финансиска криза. Од чисто финансиски причини забниот имплант е една област во која вреди да се инвестира - уште тие се сектор со највисока додадена вредност од областа на стоматологија. Ако некој стоматолог почне да става импланти, приходите од активностите му се зголемуваат нагло само за неколку месеци. Ако една компанија со дејност трговија на стоматолошки материјали и опрема почне да продава забни импланти, прометот исто така се зголемува нагло, особено ако компанијата располага со соодветен консултант, кој да ги објаснува на потенцијалните клиенти предностите на имплантите. Сето тоа е силен мотивирачки фактор за производителите, трговците и клиницистите кои се занимаваат со имплантологија. Дали мотивацијата во случајот се должи на човечката алчност или стремеж кон самоусовршување и професионален напредок? Зборот го имаат психолозите. Како и да е еден факт е непобитен-поставувањето на импланти и ослободувањето на носење на протези многу брзо подобрува квалитетот на животот на пациентите и нивното самочуствие.Во последните години има се повече статии за протезирање со помошта на импланти.До днешна дата практично нема клинични случај, кај кого не можат да се постават забни импланти.Има се повече статии за костна пластика.Само пред десет години синуслифтингот се мислеше за невозможна мисија во имплантологијата- во денешно време се смета за обична клинична работа која можат да извршат стоматолози без специјалност.Ако сакате да гледате видео клип за синислифтинг кликнете тука.Работите се екстремно динамични-само во последните пет години во областа на регенерацијата на ткивата има толку многу иновации отколку во почетокот на имплантологијата како научна гранка.Во исто време принципите остануват исти-во вилиците се имплантира вештачко тело , како што при недостиг на костно ткиво организмот се принидува да синтетизира  потребната коска за задразување на имплантот.После остеоинтеграцијата се извршува протезирање со помош на незабележливи протетски структури.

Коментари и препораки можете да праќате на адресата на системскиот администратор  -  ralev@dentist.bg 

www.bg-dentist.com            www.omegadentagroup.net         Регионални партнери за клиничка активност


Телефон на клиниката +359 32 642056

Адреса на клиниката:

Бугарија

Пловдив 4000

Ул. "Л. Каравелов" № 9Б

  

www.bg-tourinfo.com    www.investor-bg.com    www.ralev-dental.com

Венцеслав Ралев

www.bg-dentist.com    www.bg-tourinfo.com    www.ralev-dental.com    www.omegadentagroup.com    www.ralev-dental.bg

Д-р Прван Прванов и д-р Венцеслав Ралев за време на операција во градот Монтана. Нашиот тим е во процес на соработка и развива соработка со партнерски стоматолошки ординации во многу градови. Изградена е широка мрежа, како во речиси цела Бугарија имаме регионални партнери. Секој стоматолог кој сака да добие консултација од нашиот тим (целосно бесплатна) секогаш може да се обрати до нас по телефон или електронска пошта. Сите барања на професионална тема треба да се упатени на адреса ceo@ralev-dental.bg.