Биолошка врска помеѓу имплантот и абатментот

При првите имплантни системи не се придава големо значење на врската помеѓу имплант и надградбата (абатмент). Производителите на забни импланти имале доволно проблеми со остеоинтеграцијата, материјалот и форма на имплантите за да оддаваат значење на нешто не толку важно на прв поглед. Постепено сепак се насобрало доволно клинички материјал, за да може да се процени колку начинот на поврзување при двокомпонентни забни импланти е важно. Излезе дека на краткорочен план работите се беспрекорни со каков и да е вид на поврзување; долгорочната прогноза сепак е многу подобра во имплантатни системи со т.н. биолошка врска.

www.drlazarevski.com    www.salifarif.com    Имплатни аналози и трансфери

Во што се состои биолошката врска? Општо кај неа има цврсто и стабилно поврзување меѓу имплантот и абатментот. Благодарение на изработениот од производителот конус се добива едно занитнување меѓу двете метални тела и пукнатината меѓу нив исчезнува целосно. Ова е со доста големо значење - на тој начин се спречува бактериската инвазија во оваа пукнатина. Сето тоа се постигнува со помош на т.н. ладно заварување. Од разбирливи причини во устата не е возможно да се изврши електрично заварување, автогено заварување, пламено или ласерско заварување. Кај сите овие методи двата деталите достигнуваат температури од редот на стотици степени, кои температури се неприменливи во биолошка средина.

На сликата погоре се гледа внатрешноста на забниот имплант. Нај долу е поврзниот навој - со неа се сврзува завртката на абатмантот. Погоре гледаме еден внатрешен хексагонален профил – тој го штити абатмантот од слободна ротација, што кај правите надградби е без суштинско значење - нема опасност од промена на аголот, односно на локацијата во однос на соседните заби. При аголните абатманти работите не стојат така - кај нив дури и лесната ротација води до промена и неможност да се ажустира коронката или мостовите конструкции. Токму овој шестоаголен профил штити од вртење. На врвот се гледа коничниот профил, со помош на кој се врши студеното заварување. Последното се заснова на употребата на пластична деформација, настанала под дејство на големите сили на притисок меѓу деталите за заварување. Карактеристично при тоа е дека ова соединување се постигнува на собна температура (или температурата на усната шуплина) по постигнување на одреден степен на деформација. Од физички гледна точка коничната врска е директно соединување, при што има зголемување на површината во зоната на заварување. Процесот се одвива на следниов начин: при почетниот контакт на површините за заварување дури и при прецизно чистење врз нив има слој од плунката, микроорганизми, остатоци од храна и оксиди. При примената на одредена сила на притисок првично се раскинуваат оксидните корици во централните делови на поврзувањето и излегуваат кон периферијата. При зголемување на силата се зголемува и движењето на материјалот во правец од центарот кон периферијата. При тоа површинските слоеви се уништуваат и се движат надвор - овој ефект е познат како чистење на површините за заварување и е толку посилно изразен, колку поголема е силата на заварување и колку помала е површина врз која се дејствува. Предвид малата површина на забниот имплант не е потребна голема сила за спроведување на студеното заварување - повеќето производители ги дизајнирале абатментите со цел да се изврши сврзување при 20 - 30 N / cm. При торг со таква големина исчистениот метал во центарот на комората влегува во доволно тесен контакт, за да можат површинските сили да комуницираат и да формираат заварени зони. Процесот продолжува со преместување на честички кон периферијата, зголемување на деформација на комора и заедно со тоа - зголемување на реалната површина на контакт и зголемување на цврстината на спојката. Постепено со зголемување на силата и деформација на телата се доаѓа до толку густ контакт, при што се формираат меѓуатомни врски - практично двете тела веќе се спојуваат и стануваат единствена целина. Сепак, за да се формира такво нешто, потребни се значителни сили, кои во условите на усната шуплина може да доведат до нарушување на остеоинтеграцијата. Целосно заварување не е потребно секогаш - доволно е да се постигне херметично затварање без да се создадат меѓуатомни брски насекаде.

www.drlazarevski.com    www.dentalimplans.bg

Во металургијата се познати три вида студено заварување - директно поврзување, точково заварување и периферно преклопување. Првите конекции се омилени речиси секогаш, бидејќи кај нив не се намалува површината на поврзување на двата деталите - обратно, последната се зголемува. На горната шема е прикажан механизмот на студеното заварување при директно преклопување. Првично, во отсуство на сила, не постои деформација. Со зголемување на силата телата се искривуваат и површината на заварени шавови се зголемува - во најголемата сила од редот на мегањутони (условно) деформацијата е веќе значителна. При надминување на јачината на притисок на телата комплексот се уништува - сепак титаниумот е исклучително здрав материјал и за кршење преку притисок се потребни огромни сили. На шемата се гледа дека изометричните остри линии се непавилно распоредени - тоа не е направено случајно или поради негрижата од страна на графичкиот дизајнер; на тој начин се стремиме да се доближиме максимално близу до природните услови. Од физиката на цврстите тела е познато дека ниту една материја во природата не поседува идеална кристална решетка, односно не ги пренесува силите на деформација во строго дефинирани насоки. Секогаш се регистрираат познати отстапувања кои се илустрирани на горната шема со неправилното располагање на погонски линии.

Д-р Александар Лазаревски    Д-р Евелина Маркова    Д-р Салиф Ариф  Д-р Милен Марков    Д-р Венцеслав Ралев

Влез во нашиот форум

Надолжен разрез на имплант со конична врска – се гледа т.н. морзов конус. Кај различните системи морзовиот конус е со различен тејпар (заострување) - во системот Bicon пример заострувањето е само 1.5%. Тоа е разликата помеѓу врвот и основата на конусот.

www.drlazarevski.com    www.salifarif.com

www.dentalimplants.bg    Забни импланти    Стоматолог во Пловдив

Информација за Видин    Бугарија    Видин    www.omegadentagroup.com    www.ralev.ws